Шарлиз Терон во шоуто на Елен Деџенерес откри дека нема дечко

Американската актерка Шарлиз Терон во шоуто на Елен Деџенерес откри дека во моментов нема дечко, па на тој начин ненамерно ги негираше шпекулациите во американските медиуми дека е во врска со актерот Бред Пит.

Шарлиз во шоуто на Елен го коментирала американското шоу „Неженети“, во кое се натпреваруваат лица кои никогаш немале интимни односи. Таа вели дека не може да ги разбере натпреварувачите за тоа како можат да бидат толку неефективни во бакнувањето.

„Не можам да ги разберам овие натпреварувачи. Јас се бакнував  себеси уште како мала. Поточно се бакнував со огледалото уште од мојата седма година. Потоа се вежбав на куклите. Па пробував да се подобрам со мојата рака. Можеби затоа до ден денес немам дечко“, изјавила Шарлиз во емисијата на Елен.

Многумина ваквата нејзина изјава ја толкуваа како демант на пишувањата во медиумите дека таа во последните неколку месеци е во врска со Бред Пит.

Актерот во 2016 година се разведе од Анџелина Џоли, а битката за старателството над шесте деца трае до ден денес. Последната врска на Шарлиз беше со нејзиниот колега Шон Пен, со кого раскинаа во 2015 година. Во медиумите се пишуваше дека Шон Пен е човекот кој ги запозна Шарлиз и Пит.

 

Текстот Шарлиз Терон во шоуто на Елен Деџенерес откри дека нема дечко е превземен од Reporter.mk.