Почина сестрата на Џеки Кенеди

Ли Радзивил, сестрата на поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди, почина на 85-годишна возраст. Ли отсекогаш важела за друштвена жена, која со својот моден стил ја воодушевувала цела Америка.

Оние кои ги познавале говорат дека Ли и Џеки отсекогаш си биле љубоморни една на друга и односот меѓу нив бил исклучително сопернички. Уште во најраното детство меѓу нив владеело ривалство.

Нивната борба која ја воделе од деца преку игрите и модните пазарења, подоцна се претворила во битка околу мажите и парите. Ваквата љубомора и тензија не прекинале до смртта на Џеки во 1994 година.

Наводно, нивната мајка повеќе ја сакала Ли, додека, пак, Ли сметала дека таа треба да се омажи со Аристотел Оназис.

Ли во својот живот се мажела трипати. Нејзиниот трет сопруг е филмскиот режисер Херберт Рос, а од бракот со Станислав Радзвил има две деца.

 

Текстот Почина сестрата на Џеки Кенеди е превземен од Reporter.mk.