Сите номинирани за Оскар 2019 година во недела ќе добијат пакети со скапи подароци, кои чинат околу 1 милион долари, пишува „Гардијан“. Меѓу нив ќе има и бесшумна пумпа за гради, патување на Галапагос, членска карта за холивудскиот Клуб за љубителите на марихуаната и светлечка четка за тоалет.
Во пакетите на актерите, режисерите и останатите номинирани филмски работници ќе има и конец за заби, тераписка сесија со експерт за фобии, 15 пара луксузни вештачки трепки, лосиони и слатки. Меѓу подароците ќе има и поводник за куче и шпионско пенкало кое го подарува организацијата за заштита на животните PETA, а со кое се испраќа сигнал до организацијата ако некој наиде на злоставувано животно. Во пакетите со подароци има и серуми и третмани наменети за нега на кожата. Тие оваа година ќе бидат обогатени со екстракт од марихуана бидејќи таа е легализирана во Калифорнија. Сепак најмногу внимание привлече антибактериската четка за ВЦ-школка наречена „Мистер Пуп“ која свети во темница.
Само добитниците на Оскарите ќе добијат и по една уметничка слика од Рајан Вилијамс и крстарење до Исланд или Галапагос, но во понудата ќе се најдат уште две дестинации.
Текстот Номинираните за Оскар ќе добијат марихуана и луксузно патување е превземен од Reporter.mk.