Тринаесет фустани направени целосно или делумно од чоколада беа прикажани на модната ревија што се одржа во рамките на шестиот Саемот на чоколада во Брисел.
На саемот изложуваа повеќе од 130 производители на чоколада и пецива, слаткари, дизајнери и стручњаци за какао. Годинашната тема е „Вкус и природност: природата ни нуди нешто што сите го сакаме“. Меѓу изложувачите има и производители на чоколада од Камерун, Еквадор, Перу, Мадагаскар и Доминиканската Република.
Текстот (Галерија) Ревија на фустани од чоколадо е превземен од Reporter.mk.