Глумецот и комичар Броди Стивенс е пронајден мртов во својот стан во Лос Анџелес. Според првите информации, тој се самоубил со бесење, пишува „Њујорк пост“. Стивенс се прослави со улогите во филмовите Hangover и Due Date. Телото на Броди било најдено синоќа и предадено на обдукција. Полицијата води истрага бидејќи комичарот не оставил проштално писмо, пренесе „Пост“.
Броди постојано настапувал во најпознатите клубови на западниот брег на САД.
„Броди беше глас на инспирација, пријател на многу во заедницата на комичари. Ги поместуваше креативните граници, а неговата страст кон работата и љубовта кон бејзболот беа заразни. Многумина го сакаа и на многумина ќе им недостасува,“ стои во соопштението на неговиот менаџер.
Текстот Се самоуби комичарот Броди Стивенс е превземен од Reporter.mk.