Virgin Galactic го испрати првиот патник до работ на вселената (ВИДЕО)

Вселенскиот туризам направи огромен чекор напред откако летало на компанијата Virgin Galactic го однесе првиот патник до работ на вселената.

Меѓу екипажот беше и Бет Мозес, главната инструкторка на компанијата која во иднина ќе ги подготвува патниците за летање. Таа стана првата личност која не е пилот, а летала до работ на вселената и е првата жена која летала со комерцијален вселенски лет.

SpaceShipTwo достигна висина од 89,9 километри што според стандардите на НАСА значи дека е до работ на вселената.

Главниот пилот Дејв Мекеј изјави дека погледот на Земјата ги надминал сите негови очекувања.

Извор: Klix.ba

Текстот Virgin Galactic го испрати првиот патник до работ на вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.