(Видео) Марија Спасовска сними песна на српски јазик

Тинејџерката Марија Спасовска, која ја претставуваше Македонија на последната „Јуниор Евровизија“, ја препеа на српски јазик својата песна „Играј со срце“. „Покрени срца жар“ е српската верзија на првата тинејџерска песна на Марија, која излезе минатата година.

Српската верзија на песната Марија ја сними уште пред „Јуниор Евровизија“. Музиката на песната е на Немања Михајловиќ, а текстот е на Тоде Николетиќ.

Текстот (Видео) Марија Спасовска сними песна на српски јазик е превземен од Reporter.mk.