(Фото) Водителот на Оскарите носеше најубав фустан

Со црн фрак од кадифе што продолжува во долг, широк балски фустан, актерот и водител Били Портер го привлече најголемото внимание на Оскарите. Модните критичари го прогласија фустанот-костум за најубав и највпечатлив на црвениот тепих.

Портер на церемонијата пристигна меѓу првите и беше еден од најфотографираните познати личности. Тој беше и водител на Оскарите од црвениот тепих, а со глумците и музичарите разговараше за модата и филмот.

Црниот фустан-костим што го носеше е креација на модниот дизајнер Кристијано Сириано. Истиот дизајнер ги креираше и фустаните што вчера ги носеа актерките Кели Рипа и Октавија Спенсер.

Текстот (Фото) Водителот на Оскарите носеше најубав фустан е превземен од Reporter.mk.