Лејди Гага и Бредли Купер на свечената церемонија на доделувањето на „Оскарите“ ги воодушевија присутните со емотивна изведба на песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“. Тие едноставо го украдоа вниманието за време на доделувањето на Оскарите.
Тие добиа громогласен аплауз и пред да излезат на сцената. Не недостигаше хемијата меѓу нив, а со оглед на тоа дека успеаја на сцената да ја пренесат магијата од филмот, присутните едноставно останаа без здив.
Во текот на настапот Гага свиреше на клавир и уште еднаш воодушеви со своите вокални способности. Таа за песната „Shallow“ доби „Оскар“ во категоријата најдобра оригинална песна, која ја прими со солзи и му се заблагодари на Бредли Купер затоа што верувал во нив двајца.
„Ова е напорна работа. Напорно работев долго време. Овде не станува збор за тоа да победите, туку за тоа да не се откажувате. Доколку имате сон, борете се за него“, рече Лејди Гага.
Текстот (Видео) Лејди Гага и Бредли Купер ги „украдоа“ Осакарите е превземен од Reporter.mk.