(Галерија) Модата на Оскарите

Тантела, светки, нежни тонови и розови нијанси доминираа на црвениот тепих на Оскарите. Повеќето жени избраа тесни фустани што ја следат линијата на телото, дополнети со скап накит, а најголемиот број мажи се одлучија за класични црни костуми со бела кошула. Вниманието кај мажите го привлекоа Џејсон Мамоа со розовиот костум, Фарел со кратките панталони и режисерот Спајк Ли со виолетово-златната комбинација. Стилистите, пак, за најубаво облечени жени ги избраа Џенифер Лопез, Лејди Гага, Кели Рипа и Реџина Кинг.

Текстот (Галерија) Модата на Оскарите е превземен од Reporter.mk.