И по седум номинации за Оскар, филмската ѕвезда Глен Клоуз не ја освои најголемата филмска награда. Таа оваа година беше номинирана за најдобра женска улога во филмот „Жена“. По ова, американските медиуми ја нарекоа „најголемата губитничка во Холивуд“. Таа на црвениот тепих се пофали дека носи златен фустан тежок 18 килограми, налик на оскаровска статуетка, и дека се надева дека ова е конечно нејзина година.
71-годишната Клоуз беше главен фаворит за освојување на наградата, но неа ја освои Британката Оливија Колман. Таа во својот говор ја спомна и филмската легенда.
„Глен Клоуз, ти беше мој идол сите овие години! Не сакав вака да заврши“, рече Колман откако ја доби наградата.
Глен Клоуз сега се израмни со Ричард Бартон кој, исто како и неа, има добиено седум номинации за Оскар, а не ја освоил наградата. Повеќе номинации од нив има само Питер О’Тул.
Текстот Седум номинации, а ниеден Оскар – Глен Клоуз најголема губитничка во Холивуд е превземен од Reporter.mk.