Македонскиот пејач Боби Павловски вчера ја промовира баладата на српски јазик „Тамо негде“. Ова е втора песна што тој ја сними за Гранд продукција, по „Метар дана“. Музиката за новата песна ја направи Сале Тропико, а текстот е на Драган Брајовиќ-Браја. Боби сними и спот, кој го режираше Даниел Јовески.
„Оваа песна е снимена во исто време со „Метар дана“, но чекав да помине време, публиката убаво да чуе што сме сработиле, па да ја промовирам ‘Тамо негде. Песната ми се допадна на прво слушање и иако е балада мислам дека звучи многу моќно. Се надевам дека и публиката ќе го има истото чувство“, вели Боби.
Текстот (Видео) Боби Павловски е новата ѕвезда на „Гранд продукција“ е превземен од Reporter.mk.