Светската ѕвезда Лејди Гага на доделувањето на Оскарите носеше дијамантски накит вреден 30 милиони долари. Ѓерданот со жолт дијамант тежок 128 карати го позајми од една од најпознатите продавници за накит во светот, „Тифани“. Дијамантот е стар околу 150 години и никој не го носел веќе половина век, пишуваат американските медиуми.
Лејди Гага на Оскарите носеше црн елегантен фустан, па многумина нејзиниот стил го споредија со оној на Одри Хепберн од филмот „Појадок кај Тифани“.
Таа заедно со Бредли Купер во живо ја испеа песната Shallow, за која освои Оскар за најдобра оригинална песна од филмот „Ѕвездата е родена“.
Текстот Лејди Гага со дијамант од 30 милиони долари дојде на Оскарите е превземен од Reporter.mk.