Јелена Карлеуша во нов секс скандал со бизнисмен

Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша има нов љубовник, српски бизнисмен што живее во Германија, пишуваат српските медиуми. Новиот секс-скандал се случува два месеца откако во јавноста се појавија детали за врската на пејачката со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.

Карлеуша се почесто настапува токму во Германија, и се заради мажот со кој е во врска. Според медиумите, бизнисменот со кој наводно се гледа пејачката живее во Берлин и е женет. Тој, бил гостина на последниот настап на Карлеуша во дискотека во Дизелдорф. По настапот Карлеуша наводно заминала кај него дома.

Текстот Јелена Карлеуша во нов секс скандал со бизнисмен е превземен од Reporter.mk.