Театар Комедија со претстава за лица со оштетен слух

Утревечер (28 февруари), на репертоарот на театарот Комедија ќе се прикажува класиката на Антон Чехов, „Мечка“, која ќе биде толкувана на знаковен јазик, па претставата ќе можат да ја гледаат и лица со оштетен слух. Режисер на претставата е Димче Николовски.

Театар Комедија освен како најпосетуван театар во земјава, станува препознат и по својата посветеност да се отстранат бариерите кои ги спречуваат лицата со попреченост да уживаат во сето она што им е достапно на останатите луѓе. Првпат во нашата земја, една театарска претстава ќе биде достапна и за глувите лица и непречено ќе можат да уживаат во придобивките на културните манифестации.

По предлог на Владата на РМ, во НУ Театар Комедија е предвидено да се вработи и постојан толкувач на знаковен јазик. Проектот е поддржан од Министерството за култура и НУ Театар Комедија.

Текстот Театар Комедија со претстава за лица со оштетен слух е превземен од Reporter.mk.