Од 29.03 до 31.03 март во поранешната печатница на НИП „Нова Македонија”, ќе се одржува 19-тото издание на Моден викенд-Скопје. Дваесет и деветте интернационални учесници на шоурумот премиерно ќе ги изложат новите колекции за есен-зима 2019/2020 пред домашната и странската публика.
Освен од Македонија, посетителите на најголемиот моден настан во Скопје, ќе може да ги видат моделите на дизајнери од Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија, Естонија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom” во Скопје е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа (ЈИЕ) пред интернационалните купувачи и претставниците на медиумите, како и поврзување на дизајнерите од Европската унија со македонските фабрики.
Текстот Европските дизајнери ќе се обединат за Модниот викенд во Скопје е превземен од Reporter.mk.