Автомобили со надворешни воздушни перничиња на патиштата до 2021 година

Германскиот производител на авто делови ZF дизајнирал безбедносни воздушни перничиња кои се надувуваат надвор од патничкото возило и тврди дека нивниот производ е подготвен да се појави на пазарот.

Воздушните перничиња своевремено донесоа вистинска револуција во областа на безбедноста на патниците, но последниве години фокусот на производителите на автомобили е фокусиран на електронските системи за асистенција на возачот.

Германскиот ZF, пак, во меѓу време има работено на развој на нов систем на воздушни перничиња, кој и официјално е претставен на симпозиумот Airbag 2018, во Манхајм во ноември.

Овој иновативен концепт е развиен првенствено со цел во иднина да се заштитат патниците во самоуправувачките возила, бидејќи воведувањето на технологиите за автономно возеење најверојатно ќе доведе и до промена на моменталната конфигурација на седиштата во патничките автомобили.

Според оваа идеја, конвенционалните странични воздушни перничиња се пренесуваат од внатрешноста на патничкиот простор на надворешната страна на возилото – во праговите на автомобилот, а со нивното активирање се покрива целата должина на возилото помеѓу оските.

Системот делува така што сензорите поставени по должината на автомобилот детектираат неизбежен судир и во интервал помал од 100 милисекунди го активираат системот на надворешни воздушни перничиња.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас

Текстот Автомобили со надворешни воздушни перничиња на патиштата до 2021 година е превземен од USB.mk.