Неда Арнериќ однесена во болница, проба да се самоубие

Српската глумица Неда Арнериќ синоќа била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград откако нејзиниот брат ја пронашол без свест во нејзиниот стан. Според српските медиуми таа пробала да се самоубие. Тие додаваат дека ова не е нејзин прв обид за самоубиство.

Онесвестената Арнериќ во нејзиниот стан ја пронашол некзиниот брат. Таа не одговарала на неговите телефонски повици, па тој со помош на бравар ја обил вратата од станот и ја нашол неподвижна на подот. Повикал екипа на Брза помош која ја однела во болница. Оттаму засега нема информации во каква состојба е глумицата во моментов.

Арнериќ, која се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, вчера требала да присуствува на проекција на нејзин филм, но не се појавила на настанот. Таа се повлекла од јавноста кон крајот на минатата година кога починал нејзиниот сопругот, а медиумите за тоа дознаа еден месец подоцна, бидејќи актерката не сакала да зборува за неговата смрт во јавноста.

Текстот Неда Арнериќ однесена во болница, проба да се самоубие е превземен од Reporter.mk.