Дневен хороскоп за 28 февруари

Овен

Делувате динамично, шармантно и хумористично, кога се изразувате себеси пред околината, па некој оттаму ви испраќа позитивни и искрени комплименти. Бизнис-финансискиот или личниот предизвик секогаш може да премине во поширок успех кој остава добар впечаток врз околината. Сакате да дејствувате како вистински перфекционист пред соработниците.

Бик

Се соочувате со нова дилема, без разлика дали некој си поигрува со вашата доверба или е само едно недоразбирање во околината што треба да се прифати како фаза на премин во деловни преговори. Сепак, нема причина да ризикувате премногу или да експериментирате. Некои работи за кои што мислите дека се интересни, не му се допаѓаат на вашиот партнер.

Близнаци

Вие сте ангажирани на различни страни, но сѐ има здрава граница на издржливост и позитивни перспективи. Вашата енергија користете ја рационално, бидејќи работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови и во рамките на личните можности. Понекогаш имате големи барања кои што ги побарувате од саканата личност.

Рак

Ви недостасуваат одредени дипломатски манири и повеќе тактики во средбата со вашите соработници, неодлучно откривате повеќе детали отколку што ви требаат. Сепак, нема причина некој да ве обвинува за неуспех во деловните преговори. Ви се чини дека залудно размислувате за романтична средба.

Лав

Претерувате со своите амбициозни планови и со желбата да се докажете на различни страни. Губите нечија наклонетост. Ве очекуваат негативни коментари или замерки поради некои постапки. Не дозволувајте некој да ве натера да избрзувате. Недоразбирањата кои ги имате со партнерот може да станат поголеми

Девица

Имате добра процена на различни можности на деловната сцена и знаете да делувате сугестивно на својата околина. Со добро осмислен стил на изразување може да остварите подобар ефект над своите соработници, отколку со употреба на строга интонација. Добро сте расположени, нема причина за кавга со партнерот.

Вага

Доколку се наоѓате во непријатна ситуација, не ја повторувајте погрешната приказна. Понекогаш е тешко да се признае личниот пораз, посебно кога постои личност која триумфирала во таквата ситуација. Прифатете одговорност за своите постапки. Чувствувате емотивна несигурност, избегнувајте непотребни возбудувања или изливи на романса.

Скорпија

Чувствувате потреба да воведете нов ред во својата околина, но тоа го правите на погрешен начин. Соработниците имаат различна претстава за заедничките интереси и не ги разбираат вашите идеи. Потребно е да вложите дополнителна енергија. Доколку емотивната средба не ви изгледа како добра, не го обвинувајте партнерот.

Стрелец

Без оглед на нечија убедлива приказна и големи ветувања, забележувате дека работите се движат во погрешна насока. Кога ќе почувствувате дека некој ги нарушува вашите права или интереси, станувате нервозни. Важно е да смислите ново и ефикасно решение. Нажалост ни љубовната тема не е по ваша мерка или вкус. Можна е нервоза.

Јарец

Загрижени сте поради нечии зборови и тоа со добра причина. Ако ви е важно да ги зачувате своите деловно финансиски интереси, потребно е да се послужите со мала итрина или некои заобиколени методи. Се наоѓате во емотивно несогласувате во однос на своите желби и можности. Потребни се многу промени.

Водолија

Не дозволувајте некој во вас да иницира ниски страсти или желба за бизнис ривалство. Убаво размислете за вашите предности и недостатоци во деловниот дијалог, бидете реални. Без разлика на тоа како делувате таинствено пред саканата личност, вие не успевате во целост да го прикриете вашето расположение.

Риби

Сакате да оставите сценски впечаток за животната средина, така што повремено ќе ги преувеличувате вашите идеи или планови кои ги промовирате. За среќа, добивате поддршка и некој со симпатии го оценува вашиот комплетен изглед. Без оглед на вашиот статус или возраст, прифатете ја играта на заведување која ви дава чувство на радост и среќа.

Текстот Дневен хороскоп за 28 февруари е превземен од Reporter.mk.