Поп-ѕвездата Северина со сопругот Игор Којиќ вчера дојде на премиерата на филмот „Последниот Србин во Хрватска“. Медиумите го пофалија нејзиниот стил, но искоментираа дека е пејачката делува остарено и со дека има многу брчки на лицето. „Попушти ботоксот на Северина“, напиша „24 сата“ кој објави слики од премиерата.
Северина никогаш не зборувала за своите пластични операции. Пред многу години таа призна дека го оперирала носот, но тогаш изјави дека тоа го направила од здравствени причини. Хрватските медиумите неколкупати пишуваа дека ги затегнувала очните капаци и дека користи ботокс за подмладување, но таа ги негираше нивните коментари.
Инаку, филмот „Последниот Србин во Хрватска“ е зомби комедија што се случува во иднината, а во која и Северина и Игор имаат мали улоги.
Текстот (Галерија) Попушти ботоксот на Северина е превземен од Reporter.mk.