(Видео) Летово ќе се прикажува нов „Беверли Хилс“ со оригиналните глумци

Телевизиската мрежа „Фокс“ објави видео со кое потврди дека ќе се снимаат нови епизоди од популарната серија „Беверли Хилс 90210“. Во новата серија ќе глумат Џејсон Пристли, Џени Гарт, Иан Зеринг, Габриела Кертрис, Брајан Остин Грин и Тори Спелинг. Лук Пери и Шенон Доерти нема да се вклучат во проектот. Серијата ќе има шест епизоди, кои „Фокс“ ќе ги прикажува ова лето.

„Сите глумци ќе ги играат ликовите со кои се прославија, а сценариото е прилагодено на времето во кое живееме и возраста на главните актери“, стои во соопштението на „Фокс“.

Една од најпопуларните тинејџерски серии се снимаше од 1990 до 2000 година. Продолжението на серијата, со нови глумци, се прикажуваше од 2009 до 2013 година, но не го постигна успехот на оригиналната серија.

Текстот (Видео) Летово ќе се прикажува нов „Беверли Хилс“ со оригиналните глумци е превземен од Reporter.mk.