Новите фотографии од Јупитер изгледаат како слики на Ван Гог

Вселенското летало Juno на НАСА испрати прекрасни нови фотографии од планетата Јупитер што потсетуваат на сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог.

Јупитер изгледа прилично драматично поради огромната бура наречена Great Red Spot што трае веќе 150 години и се карактеризира со силни ветрови што фучат со брзина од над 630 км/ч. Поради тоа фотографиите што Juno ги испраќа од 2016 година се толку спектакуларни.

На новите фотографии е снимена северната хемисфера на Јупитер и облаци што се движат во круг. Направени се на оддалеченост од 13 километри над облаците, кога Juno беше на 18-тото прелетување на Јупитер на 12 февруари. НАСА планира вкупно 32 прелетувања.

Целта на мисијата е да се проучи потеклото и еволуцијата на планетата, што ќе помогне подобро да го запознаеме нашиот Сончев систем.

Извор: Klix.ba

Текстот Новите фотографии од Јупитер изгледаат како слики на Ван Гог е превземен од USB.mk.