Конечно Владо прозборе за љубовта со Дунавка

Манекенката и бизнисменка Дунавка Трифуновска лани летото во интервју за „Репортер“ откри дека е во врска со поп-пејачот Владо Јаневски. Таа тогаш раскажа дека Владо е совршен љубовник и рече дека нивната врска трае подолго време, уште пред снимањето на спотот за песната „Главен град на тагата“. Неколку месеци подоцна, поп-пејачот првпат прозборе за љубовта со Дунавка.

„Се познаваме со Дунавка, снимавме спот заедно. Што ѝ се случува не знам, не сум ја видел со месеци. Од лани ја немам видено, ниту знам што прави. Се најубаво ѝ посакувам. Јас не знам што прави таа моментално“, рече Владо во интервју за „Бекстејџ“.

На прашањето дали знае дека Дунавка е заљубена во него и дека јавно зборува дека се во врска, но и дека вели дека Владо ѝ посветува песни, пејачот вели дека тој не знае што зборува таа.

„Со новиот спот кајшто ќе биде Вера Мештеровиќ, ќе ја заборават Дунавка. Така што спремајте се од сега за трач со Вера Мештеровиќ“, рече Владо.

Владо Јаневски е совршен љубовник, Дунавка ексклузивно за врската со пејачот

Текстот Конечно Владо прозборе за љубовта со Дунавка е превземен од Reporter.mk.