„Боемска рапсодија“ во Кина без геј сцените

Хит-филмот „Боемска рапсодија“, кој ја раскажува приказната за групата „Квин“ ќе почне да се прикажува во кината во Кина, но од филмот ќе бидат исечени геј сцените. Освен сцените на кои Фреди Меркјури (Рами Малек) се бакнува со други мажи, ќе се отстранат и сцените во кои тој зема дрога. Сепак, ова ќе го скрати филмот за само околу една минута.

Кинескиот стриминг сервис „Манго“ го измени победничкиот говор на Малек на Оскарите, па изразот „хомосексуалци“ во титлот го замени со „посебна група“.

 

Текстот „Боемска рапсодија“ во Кина без геј сцените е превземен од Reporter.mk.