(Фото) Заева во чипка и тул за балот со Курц

Зоран и Зорица Заеви заедно со своите домаќини, австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата партнерка Сузане Тиер беа заедно на оперскиот бал во Виена. За оваа прогода Заева беше облечена во елегантен црн фустан со татнела и тул . Партнерката на Курц пак избра црвен сатенски фустан со голи рамена.

Себастијан Курц изјави дека вечерта е извонредна, а особен впечаток му оставила светската оперска ѕвезда Ана Нетребко.

Таа го отвори балот со „Бакнеж“ на Луиџи Ардити, а потоа со сопругот Јусуф Ејвазов ја испеа „О, слатко девојче“ од операта Боеми на Џакомо Пучини.

Оперскиот бал во Виена е општествен настан број еден во Австрија. Годинава на спектаклот беа поканети 5000 гости, а булеварскиот печат во Австрија тврди дека се испиле 1300 шишиња Шампањ и други пенливо вино.

Текстот (Фото) Заева во чипка и тул за балот со Курц е превземен од Reporter.mk.