Рами Малек ќе го глуми негативецот во новиот „Бонд“

Оскаровецот Рами Малек ќе го глуми негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд. Во улогата на Бонд последен пат ќе се појави Даниел Крег.

Дваесет и петтиот филм за британскиот таен агент неколкупати беше одложуван, а снимањето ќе почне во април во Лондон, а премиерата е закажана за април 2020 година. Режисер на филмот ќе биде Кери Фукунага.

Продуцентите на филмот открија дека се обидуваат да потпишат договор и со оскаровката Лупита Нјгоно.

Текстот Рами Малек ќе го глуми негативецот во новиот „Бонд“ е превземен од Reporter.mk.