SpaceX успешно лансира капсула која би можела да носи луѓе во вселената (ВИДЕО)

Капсулата „Кру Драгон“, што е прво летало на SpaceX дизајнирано да превезува луѓе во вселената, вчера беше успешно лансирана.

Капсулата во следните 24 часа би требало да се спои со Меѓународната вселенска станица.

Во капсулата се наоѓа куклата Рипли и една плишана играчка наречена Земја кои ќе послужат за тестирање на влијанието на гравитацијата, а превезува 200 килограми опрема за Меѓународната вселенска станица.

Капсулата беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида.

Успешното лансирање го става SpaceX еден чекор поблиску до историски настан – „Кру Драгон“ би можело да биде прво комерцијално изградено вселенско летало кое ќе ги носи астронаутите на НАСА во орбитата.

Текстот SpaceX успешно лансира капсула која би можела да носи луѓе во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.