Малку посвежо ќе биде утре наутро, но сепак максимални дневни температури ќе се движат во интервалот од 10 до 18 степени додека на повисоките и планинските места истите ќе бидат пониски, времето ќе биде претежно стабилно и суво иако локално само има услови за сосема сллаб и краткотраен дожд.
Во текот на следната недела под влијание на бран од Африка максималните дневни температури повторно ќе бележат тенденција на позначителен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени додека во најтоплите региони максималните температури се очекува да се искачат до околу 25 степени, ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува во интензитет.
Поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава се очекува минимален транспорт на прашина и на песок, исто така и во и понатаму ќе продолжи претежно стабилното, суво и сончево време.
Текстот Афрички бран во Македонија, надпросечни температури е превземен од Reporter.mk.