Од малата земја Исланд постојано доаѓаат вести кои за остатокот на светот личат на волшебна бајка.
Речиси 400.000 жители на Исланд успеаја да ги тргнат корумпираните политичари што ја упропастија земјата со банкарски и берзански сплетки. Тие се осудени, а државата ги национализира пропаднатите банки и на ред дојде и паричниот подарок.
Ретко која земја може да се пофали со ваква борба. Уште повеќе кога се работи за победа против банкарската мафија.
Судејќи според сѐ, Исланд е сѐ она што многу земји никогаш нема да станат.
Исланѓаните се извлекоа од економската криза, ја спасија својата валута, се дистанцираа од лудите барања на политичарите од Европската Унија, го минимизираа влијанието на ММФ и го осигурија владеењето на политичарите кои сметаа дека банките треба да пропаднат доколку не работат како што треба, односно дека државата никогаш не смее да ги спасува приватните банки.
Исланд успеа во минатото да затвори 26 банкари, кои земјата ја туркаа во финансиски хаос. Никој друг на планетата не направил вакво нешто. Исландската влада исто така успеа да ги национализира оние банки што со нелегално работење ја осигуриле економската нестабилност и кои не можеле да се извадат од дупката што самите си ја ископале.
Исланѓаните сфатија дека пропаднатите банки никогаш нема да може да им ги вратат парите што им ги украле за време на кризата и дека единствен начин за враќање на долгот е нивна национализација.
Со оглед на тоа дека Исланѓаните имаат реална контрола над својата влада, тоа ефектно ќе се почувствува и врз сопственоста на национализираните банки.
На почетокот на 2016 година на Исланѓаните им беше ветена социјална парична помош од по 211,80 евра. Овие пари властите посочија дека се заработени од национализацијата на најголемата банка на Исланд – Íslandsbanki.
Според соопштеното, тоа претставува само 5 отсто од вкупниот износ на вредноста на банката, а остатокот од парите што банките ги поседуваат ќе станат дел од програмата што на Исланд во иднина треба да му осигури економска стабилност и уредно работење со здравствените, пензиските и со социјалните фондови.