Накит, злато, драгоцени камења и уметнички дела вредни милијарди долари исчезнале или се украдени за време на Втората светска војна. Некои од нив се закопани, а подоцна биле пронајдени, додека за други никогаш не се открило каде завршиле.
Нацистичкиот воз со злато
Кога во Полска пред неколку години истражувачите Пјотр Копер и Андреас Рихтер раскажале дека откриле воз преполн со нацистичко злато, никој не им поверувал. Сепак, подоцна било поведено сеопфатно истражување за на крајот да се дојде до заклучок дека конечно се открила вистината за мистериозниот воз. Двоецот што влегол во трагата на легендарниот воз заедно со тим од 35 истражувачи волонтери започнал со ископувања на местото што покажувало аномалија во земјата и кое упатувало на постоење закопано возило. Од друга страна, алтернативната студија направена на Универзитетот за наука и технологија во Краков утврдила дека не постојат докази што би упатувале на вистинитоста на налозите на Копер и Рихтер. Но, истата студија не негира дека на тоа место би можел да се наоѓа тунел.
Интересно е да се напомене дека полските службеници одбиле да учествуваат во овој потфат и дека целото истражување било финансирано од приватни извори.
Собата од калибар
Nazi gold train could contain £250m ‘Amber Room’ given to Tsar Peter the Great http://t.co/4fQu2IS5U4 pic.twitter.com/8s7cKF1GGz
— Daily Mail Online (@MailOnline) 29 August 2015
Собата од калибар е светски позната просторија украсена со килибарски ѕидови, со златни листови и голем број огледала. Некогаш се наоѓала во палатата на Катарина во Царското Село, недалеку од Санкт Петербург, а изградена е во Прусија во 18 век. Пред да исчезне за време на Втората светска војна била прогласена за осмо светско чудо.
Златото на Јамашите
There are still treasure hunters out there who dedicate their lives to finding Yamashita’s gold treasure. #yamashitasgold #treasure https://t.co/PWtjFbR4RJ
— Historic Mysteries (@HistoricMystery) 9 June 2018
Ова е името што го носи наводниот воен плен од југоисточна Азија, а кој го имаат пронајдено јапонските освојувачи под водство на Томојукиј Јамашите. Подоцна го криеле во пештери, тунели и подземни комплекси на Филипините. Ловците на ова богатство во светот пристигнувале на пацифистичкиот остров за да си ја пробаат среќата во неговото пронаоѓање. Но, засега никој не го открил.
Алпска тврдина
On This Day In 1943 Heinrich Himmler ordered the final liquidation of the Lodz ghetto in occupied Poland. #OnThisDay #Himmler #Lodz #Poland #WWII pic.twitter.com/UocVuYpxRr
— Richard Norman Poet (@ElmerPalaceSE25) 10 June 2018
Хајнрих Химлер на крајот на 1943 година планирал изградба на синџир тврдини. Тој работел на плановите за можен воен пораз на нацистичкиот режим и сакал целото водство да го повлече во планините во јужна Баварија. Од таму планирал да продолжи со отпорот. Адолф Хитлер не ги поддржал целосно ваквите планови на своите најблиски соработници, но и денеска има шпекулации дека во Баварија нацистите го имаат скриено големото богатство.
Аву Мару
#AvaMaru was reported loaded with $5 billion value #PekingManSkulls, 40 tons of #gold and many #treasures. The gift from #Nixon‘s visit to #China is the general orientation and the list of goods that “Awa Maru” sank. The map was drawn based on their observation through #satelli… pic.twitter.com/OvUu5SvU7Q
— agelessmovie.com (@agelessmovie) 26 December 2017
Аву Мару бил огромен јапонски крузер кој бил завршен во 1943 година во Нагасаки. Бил дизајниран за превоз на патници, но на почетокот на војната присилно бил преземен од јапонската морнарица. Стотина јапонски морнари и војници тргнале од Сингапур кон јапонската територија пред самиот крај на Втората светска војна. Се пренесувале и по пет милијарди долари вредни метали и драгоцени камења. Доцна вечерта на 1 април 1945 година американската подморница „Квинфиш“ лансирала торпеда и го потопила бродот во тајванската теснина.
Усташкото богатство
Емерсон Бигело, агент на американското Министерство за финансии, во 1947 година напишал извештај во кој пишува дека Католичката црква му помогнала на усташкиот режим да шверцува околу 200 милиони швајцарски франци во злато преку банката на Ватикан. Истиот агент вели дека усташите извлекле 350 милиони франци од Хрватска пред самиот крај на Втората светска војна. Се претпоставува дека подоцна тие пари биле проследени во Шпанија и Јужна Америка за побегнатите усташи и нацисти да може да продолжат со својата работа и живот далеку од Европа.