Во моментите додека продажбата на најпопуларните пијалаци во светот, „кока-кола“ и „пепси“, паѓа во надолна линија, членовите на руската влада одлучиле дополнително да им направат проблеми и повикале на санкции за нив.
Според телевизиската куќа „Раша тудеј“, Игор Зотов, шефот на руската партија на пензионери неодамна предложил санкции против најголемите производители на безалкохолни пијалаци во САД не поради нивните производи, туку затоа што овие брендови се тешки спонзори на антируските политичари во САД, јавува rt.com.
Зотов тврди дека ваквата мерка би можела да ја зголеми поддршката на локалните и домашните компании што произведуваат слични производи.
„Во прилог на акциите на претседателот и владата во врска со санкциите ви предлагаме ограничување на увозот на производи од страна на „Кока-Кола“ и „Пепси ко“, компании кои се главни спонзори на републиканските и демократските партии во САД и кои се активни заговорници на санкциите против Руската Федерација“, изјавил Зотов во писмото до рускиот премиер.
Тоа може да биде лоша вест за веќе и така слабата продажба на „кока-кола“, која според податоците е во загуба од 1,2 милијарда долари годишно.
Руската влада сепак може да биде неодлучна кога станува збор за воведување санкции и забрани за компанијата со оглед на фактот дека овие компании се во состојба да донесат 7,34 милиони долари преку даноците за добивка, како и фактот дека тие имаат вработено над 11.000 работници во Русија.
„Пепси ко“ во Русија има 1,45 милијарда долари добивка и плаќа 158 милиони, 2,87 милиона долари данок, а има вработено 23.000 работници.