Пејачот на легендарниот британски бенд „Продиџи“, Кит Флинт, утрово е пронајден мртов во неговиот дом во Данмоу, Есекс. Пејачот имаше 49 години.
Полицијата открила за „Дејли мејл“ дека Флинт е пронајден утрово околу 8:30 часот и дека на телото нема видливи траги на насилство. Причините за смртта ќе се знаат по обдукцијата.
„Продиџи“ беа една од најпопуларните британски групи во 1990-тите години. Тие се прославија со песните Firestarter, Smack My Bitch up, Voodoo People, Breathe и други.
Популарниот бенд два настапи и во Македонија.
Текстот Почина пејачот на „Продиџи“ е превземен од Reporter.mk.