Метафизичкиот запис на сѐ што поминало е познат како акаша и се споменува на повеќе места во Библијата.
Акаша претставува еден вид меморија во која се забележани секоја мисла, секој настан, секое чувство и намера што некогаш се случиле или ќе се случат во текот на времето во светот и универзумот.
Во индиската митологија акаша е клучен код на реинкарнација. Сите што можеле да имаат пристапат до акаша, која постои надвор од овој простор и време, се смета дека можеле да ја видат иднината.
Увид во списите на акаша имале и најпознатите пророци, Нострадамус и Баба Ванѓа. Пристапот на акаша, иако не е ист кај двајцата, објаснува како стигнале до своите пророштва. Нострадамус ја научил техниката за да пристапи до акаша, а Баба Ванѓа била поврзана со акаша благодарение на природниот талент.
Нострадамус останал најмногу запаметен по пророштвата што ги објавил во 1555 година. Додека едни тврдат дека неговите пророштва се двосмислени и подложни на разни толкувања во зависност од интересот, неговите поборници се убедени дека тој имал увид во древните вештини и јасно ги предвидел идните настани. Во неговите пророштва се вброени и подемите на Хитлер и Наполеон, но и многу други војни и природни катастрофи.
Од друга страна, Баба Ванѓа, мистериозната Бугарка која умрела во 1996 година на 85-годишна возраст, прилично е позната личност во кругот на теоретичарите на заговор кои веруваат дека оваа пророчица предвидела низа катастрофи и други глобални случувања.
Пред да почине оставила пророштво сѐ до 51 век кога се верува дека ќе се случи крајот на светот.
На неа ѝ се припишуваат и претскажувањата на терористичкиот напад на 11 септември 2011 година врз Соединетите Американски Држави, подемот на Исламската држава, брегзит и подемот на Владимир Путин.