Америка се подготвува за војна во Европа!

Европските граѓани, транспортот на американските воени сили низ Европа ја споредуваат како акции слични на оние од времето на крајот на Студената војна. Американскиот конвој веќе се соочува со бесот на локалнтие жители.

Десетици американски воени конвои, оваа недела ги преплавија европските патишта, како дел од вежбата со која ќе се подобри транспорт-логиката на континентот во случај на војна.

Но, сите локални жители не се премногу среќни поради тоа.

Акцијата е предвидена да се случи во три балтички држави како и за Полска, Романија, Бугарија и Унгарија, а конвоите ќе бидат дел од бригадата од 3300 американски војници, кои заедно со 2500 парчиња опрема, во моментов се сместени во Белгија.

Нивното пристигнување во Европа се планира да биде дел од операцијата „Atlantic Resolve“, која се случи како резултат на реакцијата на Вашингтон на кризата во Украина и обединувањето на Крим со Русија во 2014 година.

„Понекогаш старата опрема ја обновувамве и повторно ја пренесуваме тука“, изјавил пред новинарите, генерал мајор Стивен Шапиро, наредникот кој е задолжен за американските воени операции во Европа.

„Главните порти на кои работевме за време на студената војна беа „Аntwepen“ и „Rotterdam“, а сега повторно се враќаме на „Antwerpen“ како на главна порта“, дополнил тој.

Војската е предвидено да се движи низ Европа преку речните текови, железницата и патиштата. Официјалните лица ја опишаа имплементацијата како голема вежба, која е насочена на подобрување на логистичките вештини потребни во случај на избивање на војна во Европа.

 

Американскиот конвој кој патува низ Германија преку патиштата во Полска се соочува со незадоволство на локалните власти и владите.

„Мислам дека на нас долгорочно не ни помага ако тенковите минуваат кон руската граница“, изјавил Дитмар Витке, државниот премиер на покраината Бранденбург, на почетокот оваа година. Портпаролот на владата завземал најнеутрален пристап што се однесува до воените движења, во неговата изјава која медиумите ја објавиле во понеделникот.

„Не сакавме конвојот да мене без никаков оптор“, изјавила за Дојче Веле Диана Голзе, министерката за труд и социјални работи на покраината Бранденбург, која присуствувала на демонстрациите.

„Мислам дека ова не е добро време за преселба на војниците на границата меѓу Полска и Русија. Мора да постои дипломатски пат, а не само острење на мечевите“, изјавила таа.

Локалните жители кои присуствуваа на демонстрациите со натпис „Amis go home“, изјавиле за германските медиуми дека никогаш не ги искусиле злите намери на Русите.

„Сега се обидуваме да завојуваме едни против други, што не е во интерес на германскиот народ. Ни за луѓето на запад, ни за луѓето на исток. Зад ваквиот процес постои моќна елита, која сака да завојуваме едни со други“, велат тие.

Еден од протестантите за Дојче Веле изјавил дека на протестот присуствувал со цел да го спречи лудилото на американските војници кои се испраќаат на руската граница, но очигледно, за тоа на никого не му е грижа.

За време на маневрот, бројните конвоии биле соочени со протестантите во градовите и местата низ Германија и Чешката република. Во исто време Чешката влада ги потсетила граѓаните дека фрлањето на јајца на американските возила е казниво дело за кое може да се лежи затвор до три години.

Еден посебно снаодлив чешки граѓанин применил поинаква тактика. Тој ги спуштил гаќите и им го покажал тоа што го заслужуваат американските војници во конвојот на минување.

Поранешен поручник на чешките вооружени сили изјавил во едно свое интервју дека планира да организира нови акции на јавна непослушност, со цел да се спротивстави на согласноста на Прага со испраќањето на американската војска и воените акции, кои, како што вели може да ја загрозат европската безбедност.