Пејачот на „Продиџи“ се самоубил

Членовите на „Продиџи“ преку официјалниот инстаграм-профил на бендот потврдија дека нивниот член Кит Флинт почина утрово и открија дека тој се самоубил.

„Вестите се точни. Не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде животот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир“, напиша Лиам Хаулет покрај објавата.

Британските медиуми пишуваат дека причина за самоубиството на Флинт е депресија.

Текстот Пејачот на „Продиџи“ се самоубил е превземен од Reporter.mk.