Британецот Џон Робинсон за првпат по 13 години успеал да стигне до последното прашање во британскиот квиз „Кој сака да биде милионер?“. Професорот по англиски јазик од Бирмингем во понеделникот вечерта во првата епизода од 33 сезона на британското шоу го отвори прашањето за милион фунти, но не успеа да го одговори.
„Можеби би одговорил точно и на ова прашање, но мислам дека многу години би требало да поминат за да работам за 500.000 фунти. Па попрво би ги зeмал овие пари. Тоа е мојот конечен одговор. Ако го земеме предвид тоа дека не го знаев одговорот на прашањето за 2 000 фунти, мислам дека бев добар“, изјавил Робинсон.
Како што пишува „Дејли мејл“ натпреварувачот точно одговорил на 14 прашања и си заминал дома со повеќе од половина милион фунти.
Претходно, водителот Џереми Кларксон му напоменал дека е неверојатно како по 13 години Џон успеал да одгвори точно на сите претходни прашања.
„Каков играч, каков сјаен играч“, изјавил Кларксон.
Текстот (Видео) По 13 години во квизот „Милионер“ отворено прашањето за милион фунти е превземен од Reporter.mk.