Лозано ја освои Бања Лука

По двете награди што ги освои на „Златна бубамара“, пејачот Влатко Лозаноски доби награда и на манифестација „Оскар на популарноста“ што се одржа вчеравечер во Бања Лука. Лозано ја освои наградата во категоријата „Најпопуларен изведувач од регионот“.

„Ми значи секоја награда, а оваа ми е многу драга оти доаѓа надвор од границите на нашата земја. Ова е доказ дека песната и музиката немаат граница“, вели Лозано.

На вчерашната манифестација Влатко ги испеа „Километри“ и „Јако, јако“, а публиката го испрати со силен аплауз и овации.

„Оскарот на популарноста“ се доделува по 22. пат, а на манифестацијата освен Лозано се појавија и познати музички имиња речиси од целиот Балкан: „Црвена јабука“, Неда Украден, „Тропико бенд“, Кики Лесендриќ, Ален Исламовиќ, Зорица Брунцлик и многу други.

Лозано во моментов се подготвува за својот прв голем концерт што ќе се одржи на 23 март во арената „Борис Трајковски“, а во организација на „Авалон“. Тој сними спот и за новата песна „Мајко“, а ќе биде објавен на 8 март.

Текстот Лозано ја освои Бања Лука е превземен од Reporter.mk.