Британски „Сан“ пишува дека фронтменот на групата „Продиџи“, Кит Флинт, наводно неколку дена пред неговата смрт се разделил од сопругата Мајуми Каи, јапонска диџејка со која бил во брак од 2006 година.
Флинт поради прекинот на врската паднал во депресија и се чувствувал лошо. Пејачот не можел да го поднесе тоа што биле разделени, а на крајот одлучил да го продаде нивниот дом.
Само неколку дена пред неговата смрт, фронтменот на „Продиџи“ се распрашувал за продажба на семејниот дом во „Есекс“, каде до неодамна живеел со неговата сопруга.
Таа во време на неговата смрт не била со него, туку престојувала во Јапонија кај нејзиното семејство. Неговиот колега од бендот, Лиам Хаулет, изјавил дека бил шокиран поради веста за смртта на пријателот.
„Вестите се точни. Не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде животот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир“, напиша Лиам Хаулет покрај објавата.
Британскиот состав со карактеристичен електронски звук, го започнаа својот музички пат во 90-те години. Многу брзо станаа светски познати и популарни, а нивните хитови со години се наоѓале на самиот врв на музичките топ-листи.
Текстот Кит Флинт си го одзел животот поради разделбата од сопругата е превземен од Reporter.mk.