Ивана „Негатив“ ќе ја замени Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“

Српската пејачка Ивана Петерс, поранешна членка на „Тап 011“ и „Негатив“ ќе ја замени Јелена Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“. Таа во наредниот месец ќе биде и член на жирито, но и ќе работи со кандидатите на српската пејачка. Ивана пред неколку години се натпреваруваше во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, а беше и жири на замена во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Автор е на многу песни, меѓу кои и Shelter со која Сања Вучиќ ја преставуваше Србија на „Евросонг“ во 2016 година.

Според директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, заради смртта на нејзината мајка Дивна, Јелена барем еден месец нема да се појавува во јавноста, ниту пак ќе биде вклучена во шоуто. Дивна Карлеуша почина минатиот викенд во нејзиниот дом во Белград. Јелена, која во тоа време била на настап во Австрија, за смртта на мајка си дознала дури по враќањето во Србија.

Сите знаеа дека мајка и веќе ја нема, само Јелена не

 

Текстот Ивана „Негатив“ ќе ја замени Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.