Еден од двајцата мажи кои во филмот тврдат дека биле жртви на силување на Мајкл Џексон рекол дека откако бил силуван од страна на пејачот, тој му понудил да се венчаат, што и го направиле.
„Напуштајќи го Неверленд“, документарецот за злоупотребата на момчињата што се случувала на имотот „Неверленд“ од страна на поп-иконата Мајкл Џексон, имаше огромен одзив во светските медиуми, кои со неверување пишуваа за него.
Џејмс Сејфчук, еден од двајцата мажи кои во филмот тврдат дека биле жртви на силување на Мајкл Џексон, рекол дека откако бил силуван од страна на пејачот, тој му понудил да се венчаат, што и го направиле.
„Ми купи прстен со дијаманти. Сакав накит и често ми купуваше и ми го даваше по сексот“ – рекол Сејфчук.
Мајкл Џексон, според наводите на Сејфчук, им купил куќа на неговите родители откако сведочеле во негова корист кога Џордан Чендлер во 1993 го обвинил за силување.
„Мајкл Џексон беше манипулатор. Сакаше да зависите од него. На тој начин ги убеди моите родители да го напуштам школувањето поради филмската кариера. Го напуштив, а по седум години тој одеднаш исчезна од мојот живот“ – рекол Сејфчук.
Текстот Мајкл Џексон ме силуваше кога имав 10 години, раскажува еден од мажите жртви на поп-иконата е превземен од Reporter.mk.