Пејачката Марија Шерифовиќ веќе нема да биде дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа е дел од шоуто веќе четири сезони, а си заминува за да може да работи на други проекти.
„Сите снимања за ‘Ѕвездите на Гранд’ ми се многу напорни. Траат со часови, со денови. Имам други планови за овој период кои бараат помалку време да поминувам во Белград, а повеќе во странство. Затоа не знам дали ќе можам да ги ускладам снимањата“, рекла Марија.
Според српските медиуми, нејзина замена во шоуто ќе биде пејачката Мира Шкориќ. Таа во претходната сезона неколку пати менуваше членови од жирито.
Текстот Марија Шерифовиќ си оди од „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.