Пејачката Рита Ора во интервју за „Мирор“ откри дека се разделила со нејзиниот партнер, глумецот Ендру Гарфилд, познат по улогата на Спајдермен. Таа вели дека врската почнала да им пропаѓа откако тој побарал повеќе слободно време за себе.
„Бев уништена. И покрај тоа што со Ендру бевме заедно само четири месеци, навистина мислев дека работите меѓу нас ќе станат посериозни. Тој сакаше да води затскриен живот“, рекла таа.
На почетокот Ора и Гарфилд ја криеја врската од медиумите и не објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи. Лани во ноември папараците првпат ги сликаа заедно. Двојката раскинала минатиот месец.
Текстот Спајдермен ѝ раскина на Рита Ора е превземен од Reporter.mk.