Дел од теоретичарите на заговор сметаат дека најголемиот изграден брод во историјата на човештвото, „Титаник“, всушност никогаш не потонал и дека бродот и по 1912 година со години потоа пловел низ океаните.
Јавноста во 1912 година беше шокирана од веста дека бродот за кој се говореше дека е непотоплив, всушност заврши на дното на Атланскиот океан.
Сите се согласуваат околу еден факт, а тоа е дека еден брод навистина потонал во ледените води на северниот Атлантик таа 1912 година и дека во несреќата 1500 патници загинале. Но, некои теоретичари сметале уште тој период дека бродот не претставувал такво технолошко чудо какво што матичната компанија го опишала.
Дел од нив тврделе дека компанијата White Star Line ги заменил бродовите за патување меѓу Саутемптон и Њујор и дека бродот кој што пловел и потонал не бил „Титаник“, туку постариот брод „Олимпик“.
Теоретичарите велат дека сударот со сантата мраз всушност била направена за измама на осигурителната компанија. Бродот „Олимпик“ бил првиот кој се изградил и се сметал за главен брод.
Додека минувал покрај еден воен брод, бродот „Олимпик“ неочекувано се занел на една од страните, при што дошло до судар меѓу двата брода. „Олимпик“ пристигнал до пристаништето, но со голема дупка на трупот.
Тука приказните не се преклопуваат. Теоретичарите на заговор сметаат дека по сударот на бродот „Олимпик“ станал црна дупка без дно, кој само ги голта парите на компанијата. Пресудата значела дека поправката нема да го покрие осигурувањето, а ако не плови, во таква ситуација компанијата само ќе троши пари.
Компанијата тогаш ја направила замената. Новоизградениот втор брод требало да го заземе местото на „Олимпик“, додека оштетениот стар брод да биде „Титаник“.
Со време вистинскиот брод „Олимпик“ (сега под името „Титаник“) имал несреќа која и овозможила на компанијата да ја оствари исплатата од осигурувањето која одговара на штетата на новиот брод. Единствената работа која го пореметила планот е ледената санта мраз на која не сметале.
Историчарот Марк Чинсајд се занимавал со тоа дали замената на каков било начин била исплатлива. Тој изјавил дека Титаник чинел 7.5 милини долари, а бил осигуран на пет милиони.
„Ако постои таков заговор, би очекувал полиата за осигурување да ја покрие комплетната вредност на бродот, а не само две третини“, изјавил Марк.
Најважно од се е што бродовите биле сè само не идентични. Се разликувале дури и во моторите. Но, за приврзанците на теориите на заговор, ваквите аргументи не биле прифатливи.
Текстот „Олимпик“, а не „Титаник“ лежи на дното на Атлантикот, направена е измама со осигурувањето е превземен од Reporter.mk.