Српската пејачка Милица Тодоровиќ и некогашна победничка во „Ѕвездите на Гранд“ раскажа во јавноста како забраниле нејзината музика да се пушта во „Гранд“ продукција.
„Немав настапи, морав сама да ги барам. „Гранд“ никогаш не ми даде ниедно признание. Јас емисијата „Народот прашува“ ја добив по десет години кариера и тоа само да влезам во емисијата и да излезам. Мојот потег да го напуштам „Гранд“ и Поповиќ беше храбар, вели пејачката и истакнува дека тогаш следел шок.
„Ме забранија преку ноќ. Штом во 2016 година излезе мојата реклама на Пинк, на „Гранд“ веќе беше направена забрана. Официјално дознав дека сум забранета кога требаше да одам на снимање. Тој ден ме повикаа и ми кажаа дека ми откажуваат бидејќи сум забранета. Не знам со што тоа го заслужив, само заминав каде ми беше подобро. После тоа никој не ме побара“, ниту пак јас ги побарав, рекла за српските медиуми.