Викендов Џеј Ло и Алекс Родригез се верија додека беа на романтично патување, а веста ја споделија нивните Инстаграм профили.
Алекс ја запроси пејачката со огромен дијамантски прстен, а според експертите за накит, тој вреди помеѓу 1 и 5 милиони долари.
Таа пред него имаше 3 неуспешни брака и 1 неуспешна веридба со Бен Афлек.
Како изгледаат сите нејзини веренички прстени и која е нивната вредност?
Охани Ноа
Се венчаа во 1997-ма и се разведоа за помалку од една година.
Вредноста на прстенот е проценета на 6-цифрена сума.
Крис Џуд
Се венчаа во 2001, се разделија за помалку од година, а официјално се разведоа во 2003, откако таа се вери со Бен Афлек.
Вредноста на дијамантскиот прстен е исто така проценета на 6-цифрена сума.
Бен Афлек
Започнаа да се гледаат во 2002, а кон крајот на годината тој ја запроси, планираа свадба во септември 2003, а Бен ја откажа неколку дена претходно.
Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на сума помеѓу 1.2 и 2.5 милиони долари.
Марк Антони
Се венчаа во 2004-та и имаат две заеднички деца, близнаците Макс и Еме, а се разведоа во 2014-та.
Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на 4 милиони долари.
Алекс Родригез
Започнаа да се гледаат во февруари 2017-та и постојано се заедно, а тој ја запроси во март 2019-та на романтично патување.
Вредноста на дијамантскиот прстен е проценета на сума помеѓу 1 и 5 милини долари.
Текстот Сите прстени на мажите кои ја запросија Џеј Ло, пред да се вери со Алекс е превземен од Reporter.mk.