Татко упорно му ѕвони на мобилен на синот кој пред 5 години исчезна со малезискиот авион

Станува збор за бројот на неговиот син кој бил меѓу 239-те патници во малезискиот авион МХ-370 што исчезна пред пет години и досега не е пронајден, што претставува една од најголемите авионски мистерии во историјата.

– Не ми е грижа кој е на другата страна. На синот секогаш имам да му кажам неколку зборови, вели 60-годишниот селанец за својот седмичен ритуал.

Неговиот син, Ли Јанлин, кој работел во Малезија за кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ, имал 30 години кога авионот на летот Куала Лумпур – Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година

Текстот Татко упорно му ѕвони на мобилен на синот кој пред 5 години исчезна со малезискиот авион е превземен од Reporter.mk.