За сите оние кои им се допаѓа идејата да земаат плата, а притоа да не работат ништо, шведската влада објави огласи за работно место на кое сè што е потребно да направи кандидатот кој ќе ја добие работата, е да се појави на работното место во железничка станица и да го запали светлото.
Потоа може работникот да прави сè што ќе посака, но на крајот на смената мора да се појави повторно на станицата и да го угасне светлото.
Она што е неверојатно е тоа што во целата замисла, оваа позиција гарантира плата од 2000 евра се до пензионирање. Исто така гарантирано е годишно зголемување на платата, годишни одмори и уплати во пензискиот фонд. Се додека вработениот не најде друга работа, позицијата му е загарантирана до крајот на животот.
Ваквата замисла почнала пред две години, кога бил распишан конкурс за уметници, кои за награда од 670.000 евра морале да го замислат изгледот на железничката станица во Гетеборг. Уметниците Симон Голдин и Џејкоб Сенеби, добиле идеја парите од наградата да ги пренасочат на работно место човек кој не работи ништо.
Двајцата уметници основале и фондација за да го избегнат оданочувањето од парите од наградата, а потоа сè да вложат во акции. Процениле дека вработениот за палење и гасење на светлото ќе можат да го плаќаат вечно и дека за таа позиција имаат пари за следните 120 години.
Сепак оваа одлука не наишла на воодушевување кај поедини политичари кои ги обвиниле уметниците дека се расфрлаат со пари од даночните обврзници. Други ги обвиниле дека идејата е без врска.
Уметниците со тоа не се согласуваат. Тие велат дека целиот концепт да некој се појавува секој ден на работа за да ги пали и гаси светлата е глуп и непродуктивен, но тоа не е суштината на целата оваа идеја, велат Симон и Џејкоб.
Текстот Швеѓани нудат 2000 евра плата, не треба да работите ништо е превземен од Reporter.mk.