Наташа Беквалац објави селфи фотографија со нејзината десетгодишна ќерка Хана, која српската пејачка ја доби со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ.
Беквалац се пофали дека нејзината ќерка пораснала и дека заедно со нејзината друга ќерка Катја се најголемата мотивација која ја добила за да се врати на музичката сцена.
„Девојка“ напишала Беквалац под фотографијата за која доби голем број лајкови и пофални коментари.
Беквалац минатата година имаше брачна криза и за босанските медиуми изјави дека во тој период ги доживеала најтешките моменти во нејзиниот живот. Но, сега вели дека собрала сили за да се врати на стариот пат.
Наташа Беквалац е позната по тоа што често објавува фотографии заедно со нивните ќерки.
Текстот (Фото) Порасна ќерката на Наташа Беквалац е превземен од Reporter.mk.