Научниците пресметале дека масата на Млечниот пат изнесува “1,5 трилиони соларни маси во радиус од 129.000 светлосни години од средиштето на галаксијата”.
Преку комбинирање на податоци, NASA и Европската вселенска агенција, со помош на проектот Gaia и набљудување со телескопот Hubble дојдоа до бројки со кои ја дознаваат тежината на галаксијата во која живееме, кои се многу попрецизни од сѐ што знаевме досега за оваа тема.
Соларна или Сончева маса е стандардна астрономска единица со која се означува масата на Сонцето, а таа мерка се користи за споредба на масите на другите небески тела. Па така, масата на Сонцето е 332.946 пати поголема од масата на Земјата и 1.047 пати поголема од масата на Јупитер.
Досега важеа податоците дека масата на Млечниот пат изнесува „приближно околу 500 милијарди и три трилиони (милион билиони или милион милиони милиони) соларни маси, а до таков заклучок се дојде како последица на употреба на различни методи за мерење и распределба на темната материја во вселената.
Со оглед на недофатливата природа на темната материја, која сочинува околу 90% од Млечниот пат, тимот од експерти кој го вршеше истражувањето ги базираше наодите на мерење на брзината на збиените ѕвездени јата, односно густите снопови на ѕвезди кои кружат околу спиралниот диск на галаксијата. Што поголема е галаксијата – толку побрзо се движат збиените ѕвездени јата, поради влијанието на гравитацијата, наведуваат физичари од Универзитетот во Кембриџ.
Попрецизното одредување на масата на Млечниот пат овозможува појасно разбирање на позициите на галаксијата во космолошки контекст, односно нејзината големина во однос на бескрајното пространство на вселената.
Извор: B92.net
Текстот Колку е тешка нашата галаксија? е превземен од USB.mk.