До 2023 година во светот ќе функционираат над 44.000 трговски продавници без каси и касиери, повеќето од нив во Источна Азија, покажува прогнозата на аналитичката компанија ABI Research.
Во продавниците на иднината роботи и камери ќе ја преземат улогата на очи. Традиционалните малопродажни места може да го зголемат квалитетот на услугите, да ги оптимизираат застарените процеси и да ги зголемат маргините со вештачка интелигенција, роботи и компјутерска визија. Правилната имплементација на таквите технологии ќе им овозможи на трговците на мало да останат конкурентни.
Прогнозата вели дека до 2025 година физичките продавници за малопродажба ќе потрошат 34 милијарди долари за вештачка интелигенција, зголемувајќи ги инвестициите над 8 пати, во споредба со 4-те милијарди долари оваа година. Околу 30% од оваа сума припаѓа на компјутерски технологии, кои обезбедуваат оперативни информации за состојбата на резервите на роба, подобрена анализа на потребите на потрошувачите и безготовинска услуга.
Во обид да ја подобрат услугата на купувачите и поефикасно да управуваат со залихите, трговците активно ќе ги вклучат роботите. Во 2025 година, бројот на машини во маркетите ширум светот ќе достигнат 167.000. Повеќето од нив ќе се користат за следење на полиците.
The post Иднината на продавниците – роботи и вештачка интелигенција appeared first on USB.mk.